Беровско езеро

место за душевен мир

 

WIPHOTEL се наоѓа до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини па доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата во Македонија, испланирајте викенд на Беровско езеро.

Езерото се наоѓа на пет километри од Берово, со езерска површина од 0,57 км?. Браната со која е создадено езерото е изградена во 1970 година, со височина од 60 м, што ја прави една од најголемите лачни брани во Македонија.

На патот од Берово кон езерото се наоѓа активниот женски манастир „Св. Архангел Михаил“, изграден во 1815 година.Поради релативно високата надморска висина, овој предел го карактеризираат свежи лета и студени зими. Температурите во лето се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С. Пријатната клима го прави овој крај одлично прибежиште во летните периоди од годината. Заради високата концентрација на кислород, многу посетители доаѓаат не само „да наполнат батерии“, туку и за рехабилитација.

Бреговите на езерото изобилуваат со бујна шума борова и листопадна шума. На зарамнините се протегаат терени со разнобојни цвеќиња, шумски плодови и разни чаеви. Поради поволната местоположба, во чистата и недопрена природа на надморска височина од 1000 метри. Езерото овозможува спортски риболов, а прекрасни терени за излет, рекреација и спортови. Во последно време езерото масовно го посетуваат организирани странски туристи. Во Беровско и Малешевијата се приготвуваат многу традиционални лекови од природни состојки за разни болести. Од овој предел не може да си заминете без боровиот сируп или мед, лек за болести на дишните органи. Поради изобилството на зеленило, ливади и пасишта, како и чистиот воздух, беровското сирење е надалеку познато по својот врвен вкус.

горе